Интересни сцени во Лајпциг: Судија ронеше солзи, го тешеа сите па и тренерот на “биковите“! (ВИДЕО)

497

Интересни сцени вчера по мечот на “Ред Бул Арената“ во Лајпциг. Имено само што заврши мечот меѓу Лајпциг и Астон Вила (2:3) еден од помошните судии почна да плаче, да рони солзи. Сепак подоцна се дозна за што всушност станува збор.

Се работи за Алесандро Џиалантино кој не можеше да ги сокрие своите емоции со оглед на тоа дека тоа му беше негов последен меч како судија во кариерата.

Откако видоа дека не може да се смири, му пријдоа повеќе играчи а прв тоа го направи Марко Розе, тренерот на “биковите“, кои го тешеа расплаканиот Алесандро.

ПретходноФановите на Реал во транс: Конечно проработе БМВ-то на “кралевите“!
СледноДали е ова рекорд? Билетите за вечното дерби распродадени за 7 минути! (ФОТО)