Македонските пара алпски скијачи испишаа историја во Австрија

95
За прв пат во историјата на македонскиот пара спорт, Зоран Јовановски и Вангел Тркаљанов имаа можност да настапат на FIS трки, кои се одржаа на 7 декември во австрискиот ски центар Зурс. Јовановски на двете трки го освои одличното 7мо место и успеа да ги запише своите први FIS поени.
Додека пак, Тркаљанов не успеа да ја заврши трката, но покажа исклучителна храброст и посветеност кон спортот.
Честитки до нив и нивните тренери Јане Стефанов и Петар Илев за постигнатите резултати.
ПретходноНаковски Волеј за плеј-офот посилен за репрезентативката Ковачевиќ
СледноПинтер е првото засилување на Вардар зимава