Екипата на Атлетико Мадрид на отворањето на денешната Лига на Шампиони програма успеа на домашен терен да ја орпавда фаворитската улога и да освои три бода во дуелот против Слован Братислава.
Во меч во кој тотално доминираше, што не е за изненадување, Атлетико победи со 3:1. Уште од самиот старт домаќинот покажа кој е кој на овој дуел, па по само 15. минути игра поведе преку Хулиан Алварез.
Следуваше уште поголем притисок пред голот на словачкиот тим, за да во 42. минута Гризман зголеми на 2:0. На стартот на вториот дел, Слован за момент се врати во игра кога Стрелец го реализираше досудениот пенал, но Гризман само шест минути подоцна, во 57. минута со својот втор гол ги постави нештата како што беа претходно.
Харалдсон му донесе радост на Лил
Од друга страна пак, во вториот ЛШ дуел од 18:45, Лил на домашен терен славеше против екипата на Штурм Грац со конечни 3:2.
Домашните поведоа со 2:0 преку Сахраул односно Бакер, за да до полуввреме Китеишвили намали на 2:1. Биарет израмнува на 2:2, а Харалдсон во 81. минути ги постави конечните 3:2.