Борбата во Ријад ќе биде вистинско богатство: Фјури и Усик ќе поделат неверојатни 190 милиони долари!

102

Целиот боксерски свет со нетрпение го чека реваншот меѓу Тајсон Фјури и Олександар Усик. Да потсетиме, Украинецот во мај годинава го победи ривалот една година помлад од него и стана неприкосновен светски шампион во тешка категорија.

За точно десет дена и двајцата боксери повторно ќе влезат во рингот. Медиумите пренесуваат дека организаторите им подготвиле огромна награда и на двајцата. Ноќта меѓу 21 и 22 декември Усик и Фјури ќе се сретнат на рингот во Ријад. Во рамките на следната промоција на борбата и двајцата боксери уште еднаш со навреди ја вжештуваат атмосферата уште повеќе.

Сепак, во прв план некако повторно паѓаат парите! Англискиот портал „Спортстер“ објави дека вкупната сума што треба да се подели меѓу Фјури и Усик ќе биде во висина на дури 190 милиони долари. Според некои извори Украинецот ќе добие 60 отсто, а Британецот 40 отсто од парите. сума. Во пракса тоа значи дека победникот од првата борба ќе добие 114 милиони долари, а на сметката на „Џипси Кинг“ ќе легнат 76 милиони долари.

ПретходноДве наши судијки официјално добија ФИФА знак
СледноСампдорија повторно смени тренер, сега на клупата седна Семпличи