Ако нешто се знае по нецелосното 6.коло во Лигата на Шампионите, тоа е дека Ливерпул и дефинитивно се најде во ТОП-8 екипи и се пласира во 1/8 финалето а и тоа дека еден од најбогатите клубови во Европа, пред се во Германија, е прв што официјално е елиминиран од ЛШ.
Тоа е клубот на нашиот Елиф Елмас, Ред Бул Лајпциг.
Биковите вчера на свој терен и пред своите фанови беа поразена од Астон Вила со 2:3 и останаа и натаму без ниту еден бод.
Секако дека ова е голема брука за овој клуб ако се знае дека имаат одлични играчи, дека амбициите им беа и тоа како големи, но имаат шест од шест, порази, па така сега последните два меча ќе ги играат рекреативно.
Лајпциг досега играше со Интер (0:1), Селтик (1:3), Ливерпул (0:1), Јувентус (2:3), Атлетико Мадрид (1:2), Астон Вила (2:3).
Од имињата на противниците се гледа дека немаа среќа во ждрепката, но и со овој распоред мораа да освојат барем неколку бодови и да изборат место барем во плеј – офот.
Во случај на пораз вечерва, исто така елиминирани ќе бидат Слован Братислава и Јанг Бојс.