Гаштаров со Ц. Звезда ја прослави првата победа во младинската ЛШ

255

Младиот македонски интернационалец Матеј Гаштаров денеска повторно доби шанса во младинскиот состав на белградска Црвена Звезда на мечот од младинската Лига на шампиони на УЕФА против Милан. Белградските „црвено-бели“ славеа на гостувањето во Милано со 3:1, со што ја остварија првата победа во ова натпреварување.

Гаштаров влезе од клупата во 67. минута и доби околу 25 минути шанса да ги покаже своите квалитети. Инаку младиот играч за врска беше редовен дел и од минатите натпревари на Ц. Звезда во младинската ЛШ оваа сезона, а двапати беше и стартер.

ПретходноКадилак Ф1 ќе вози со мотори на Ферари
СледноСкендеровски ги одбра репрезентативците за дуелите со Холандија и Андора