Тамара Цветановиќ и Моника Даштевска и официјално добија ФИФА знак. Нашите две интернационални судијки, ќе бидат дел од светската фудбалска организација и ќе бидат делители на правдата на меѓународни средби.
Цветановиќ се здоби со титулата меѓународен помошен ФИФА судија, додека пак Даштевска ќе биде дел од футсал меѓународните натпревари.
Ова е уште една потврда за квалитетот на нашите млади арбитри кои преку домашниот шампионат, се пробиваат на меѓународна сцена и добиваат респект и вон нашата земја.