Вечерва во вобичаените термини од 18:45 и 21:00 часот се играат и остнатите девет средби од 6.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека еден од двата дерби дуели е оној на “Сигнал Идуна Парк“ када се среќаваат Дортмунд и Барселона. Се очекува вистински спектакл а дополнителен шмек на овој меч му дава и фактот дека нападот на Барса ќе го предводи Роберт Левандовски, некогашниот напаќач на Борусија.
Нема дилеми дека трибините на “Сигнал Идуна Парк“ ќе бидат преполни.
Во Торино домашниот Јувентус ги чека Пеп Гвардиола и Манчестер Сити. Ќе се види дали “граѓаните“ наговестуваат дека излегуваат од тешката криза и како ќе се однесува Јуве, тимот на Тиаго Мота кој оваа есен не може да се пофали со некакви си спектакуларни настапи и резултати.
Секако дека интересно ќе биде и на “Сан Сиро“ во Милано, каде Милан ја дочекува Ц. Звезда. Јасно е кој е фаворит, но ако “црвено – белите“ на Милојевиќ одиграат како против Штутгарт, тогаш ништо не е невозможно.
Ова се сите двојки од денешните натпревари: