Вчера на “Максимир“ во меч од 6.коло во Лигата на Шампионите, Динамо Загреб и Селтик одиграа 0:0, настапи и нашиот Стефан Ристовски. Тоа беше меч во кој и двете екипи се задоволија со по бод, но натпревар кој искрено беше тежок за гледање. Одамна не сме виделе во Лигата на Шампионите така исклучително слаб натпревар, далеку под просекот во ЛШ.
Јасно е дека“модрите“ имаа голем број повредени играчи, затоа и бодот во овој момент им одговара, но тоа не и пречеше на “Марка“, еден од највлијателните медиуми, пред се нејзиниот портал да “удри“ по двете екипи:
“Има натпревари кои фановите сакаат да ги гледаат. Има натпревари од кои тешко можеш да го одвоиш погледот од ТВ екраните или да станеш од твојата столица, но има и такви, кога ќе завршат, како таа во Загреб, се чувствуваш како бадијала да си потрошил 90 минути од својот живот“ пренесе “Марка“ покрај другото.