Како што тоа бива на крајот на секоја календарска година, па така и овојпат, објавени се номинациите за најдобар спортист односно спортистка на Македонија за изминатава 2024 година.
Секако дека во прв план се оние кои постигнаа најдобри резултати, што во индивидуална што во екипна конкуренција, и нема некој што реално е изоставен, а се истакнал со добар резултат.
Во категоријата за најдобар спортист номинирани се: шахистот Тони Лазов, кикбоксерот Бобан Илиоски, атлетичарот Дарио Ивановски, кајакарот Ангел Петрушев и фудбалскиот голман Столе Димитриевски.
Во категоријата за најдобра спортистка се номинирани таеквондистката Милјана Рељиќ, каратистката Михаела Мишовска, ракометарката Сара Ристовска, кикбоксерката Леа Бошевска и фудбалерката Наташа Андонова.
Покрај главните награди секако дека лауреати ќе има и во конкуренцијата, најдобар млад спортист, и спортистка, потоа најдобри селектори, како и најуспешни национални селекции.