По голема борба: Јошко и Љафтов поразени во финалето на Лига Купот

76

Грчки ПАОК не успеа да го освои трофејот во Лига Купот на Грција. Тимот на нашите Јошко Миленкоски и Алакесандар Љафтов по голема борба попладнeво загубија во големото финале од супер-фаворитот Олимпијакос со 3:0, но во крајно неизвесни и драматични три сета (38:36, 25:22, 25:23).

Солунскиот тим со самиот пласман во финалето направи одличен резултат, но не успеа и оваа година да го изненаду фаворитот.Љафтов и неговите соиграчи одлично се бореа во трите сета, имаа шанси и да освојат некој сет за уште поголема драма, но Олимпијакос на крајот беше поуспешен.

Со 10 поени (7/22 од напад, 2 блока, 1 ас), Љафтов финалето го заврши како втор најдобар поентер во тимот предводен од нашиот најтрофеен стратег, Миленкоски.

ПретходноОбјавени номинациите за најдобар спортист на Македонија во машка и женска конкуренција
СледноЕП 2024: И Норвешка до полуфиналето без пораз!