Италијанскиот второлигаш Сампдорија има нов тренер. Изборот падна на 57-годишниот Леонардо Семпличи.
Семпличи претходно работеше во клубови како Спал, Каљари и Специја. На клупата на Сампдорија доаѓа на местото на неодамна отпуштениот Андреа Сотил.
Клубот моментално е на 15. место во Серија Б и ќе има тешка битка во трката за опстанок.