Дали конечно Дон Карло Анчелоти ги намести “коцките“ во тимот на Реал Мадрид? Барем што се однесува до своите најголеми ѕвезди, а тоа се Џуд Белингем, Киликјан Мбапе и Винисисус Жуиниор.
Реал Мадрид вчера во Бергамо во меч од Лигата на Шампините славеше со 2:3 и одигра навистина добро. Не спектакуларно калитетно, но сосема добро, доволно да се победи една силна Аталанта на нејзин терен со 2:3.
Можеби тимот од Бергамо не заслужи пораз, но исто така Реал Мадрид победи и само тоа ќе се памети.
Инаку нешто друго ги фрли во транс фановите на “кралевите“. Имено за првпат оваа сезона, кога играат заедно, головите беа дело токму на Белингем, Мбапе и Вини.
Од ова се гледа дека БМВ-то на Реал Мадрид конечно проработе.
Б-Белингем, М-Мбапе и В-Винисиус се чини дека допрва ќе ги мачат противничките одбрани, како во Лигата на Шампионите така и во Ла Лига.
Ова е победничката формула на Дон Карло, кој очигледно дека си ја знае својата работа.