Шпанија, Португалија и Мароко сега се официјално се претставени како домаќини на Светското првенство во 2030 година, заедно со Аргентина, Уругвај и Парагвај, кои ќе добијат по еден натпревар за да ја одбележат 100-годишнината од турнирот.
Трите јужноамерикански нации добиваат по еден натпревар, а тие ќе служат како воведни натпревари и прослава на 100-годишнината од Светското првенство на ФИФА. Првото Светското првенство се одржа во Уругвај во 1930 година.
На конгресот на ФИФА во Цирих денеска и Саудиска Арабија ќе бид епотврдена како домаќин на СП 2034 година.
Инаку, СП 2030 година ќе биде првото Светско првенство кое ќе се одржи на три различни континенти и ќе се игра на вкупно 23 стадиони. Кој од тројцата домаќини на Светското првенство во 2030 година ќе биде домаќин на финалето допрва треба да се одлучи.