Денешната програма од Лигата на Шампионите, секако ја одбележа централниот настан кој се случи во Торино. Домашниот тим на Јувентус го пречека тимот на Манчестер Сити во секако мечот наречен дерби на колото.
Имаше и тоа како што да се види на овој дуел, во кој домаќинот сосема заслужено забележа победа од 2:0, и на тој начин уште повеќе ја продлабочи кризата во спротивниот табор.
Стрелци на головите за домаќинот беа Душан Влаховиќ во 53. минута, а за заверка на победата се погрижи Вестон Мекини. Јуве на овој начин го освои единаесеттиот бод сезонава во ЛШ додека Сити има само осум и е на 22. место на табелата.
Феран Торес за супер победа на Барса среде Германија
ОД друга страна пак, тимот на Барселона имаше и тоа како тешка задача за да освои бодови кај Борусија Дортмунд, и тоа го направи во голем стил. РАфиња погоди за водство на гостите, Гуираси изедначи, а Феран Торес повторно го донесе гостинот во водство. По ист редослед на стрелци мечот најпрво отиде на 2:2, за да Торес во финишот и донесе три бода на Барса.
Звезда не издржа во Милано
Иако се очекуваше лесен и убедлив триумф на тимот на Милан против Црвена Звезда на домашен терен, победата од 2:1, беше се само не тоа. Домаќинот преку Рафаел Леао во финишот на првиот дел погоди за 1:0, Радоњиќ и донесе радост на Звезда, но разочарувањето пристигна во 87. минута кога Тами Абрахам постигна гол за конечни 2:1.
Резултати:
Милан – Црвена Звезда 2:1
Арсенал – Монако 3:0
БЕнфика – Болоња 0:0
Дортмунд – БАрселона 2:3
Феенорд – Спарта 4:2
Јувентус – Манчестер Сити 2:0
Штутгарт – Јанг Бојс 5:1