Миле Тодоров и Ѓорѓи Ѓорѓиев си заминаа од Тиквеш!

2975

Миле Тодоров и Ѓорѓи Ѓорѓиев и дефинитивно не се веќе членови на Тиквеш. Играчот за врска на кавадарчани, кој досега беше еден од клчучните играчи во тимот на статегот Ѓорѓи Мојсов, како и искусниот офанзивец одлучија да го напуштат Тиквеш.

Секако во зимскиот преоден рок раководството на клубот од Кавадарци ќе мора да најде адекватни замени и за двајцата ако се знае дека напролет Тиквеш го очекува жестока битка за опстанокот.

Инаку во Тиквеш, барем така се најавува, ќе има мал ремонт во тимот оваа зима. Покрајк Тодоров и Ѓорѓиев, ќе си заминат уште неколкумина играчи, односно ќе им се раскинат догворите, а ќе се настојува, како што веќе нагласивме, да се донесат неколку квалитетни играчи како засилувања.

ПретходноДали е ова рекорд? Билетите за вечното дерби распродадени за 7 минути! (ФОТО)
СледноЛШ: Левандовски против “својот“ Дортмунд, Пеп и Сити на гости кај Јуве, Милан ја дочекува Ц. Звезда! (ФОТО)