Николов и Начевски ќе го судат македонското ракометно дерби во Битола

137

Најдобрите македонски ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на големото ракометно дерби Е. Пелистер – Вардар.

Средбата е закажана за в сабота од 18 часот во салата „Боро Чурлевски“, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи Начевски и Николов да ја имаат арбитражата на теренот.

Вардар славеше во првата сезонска пресметка со 27:24, па битолчани пред полна сала се надеваат на реванш. Марјан и Драган Начевски ќе ја имаат улогата на делегати-контролори.

ПретходноЛШ: Левандовски против “својот“ Дортмунд, Пеп и Сити на гости кај Јуве, Милан ја дочекува Ц. Звезда! (ФОТО)
СледноЈошко и Љафта денеска играат за прв трофеј – финале на Лига Купот на Грција