Пинтер е првото засилување на Вардар зимава

2006

Досегашниот дефанзивец на тимот на Шкупи, Микал Пинтер ќе биде првото зимско овогодишно засилување за тимот на Вардар.

Словакот кој одигра одлични партии на Чаир се сели на другата страна од главниот град, и со него и официјално ќе започне реконструкцијата на играчкиот кадар во Вардар.

Се работи за искусен 30. годишен дефанзивец кој игра подеднакво добро на левата бековска позиција,  но и на стоперската.

Вардар имаше огромен проблем во последната линија сезонава, пред се поради повреди, па речиси на секој меч настапуваше со нов „сет“ на дефанзивци. Сега, со донесувањето на Пинтер, се решава еден од клучните проблеми, а тренерот Гоце Седлоски добива голем адут за напролет.

 

ПретходноМакедонските пара алпски скијачи испишаа историја во Австрија
СледноДве наши судијки официјално добија ФИФА знак