Атланта го шокираше Њујорк, Вориорс лути на судиите (ВИДЕО)

90

Изненадување во Њујорк. Атланта ги исфрли Никс и оди во Вегас на завршницата во НБА Купот. „Јастребите“ на гостински терен беа подобри со резултат 108-100.

Предводник беше Јанг со 22 поени и 11 асистенции, Хантер и Џејлен Џонсон ги мачеа домашните дефанзивци, Богдановиќ заврши со седум поени, за нешто помалку од 24 минути игра. Гостите стопија -12 и се радуваа на крајот.

Второто полувреме го добија со 15 поени. Тие во сабота играат против Милвоки за пласман во финалето. Кај Никс Харт 21 поен, Таунс 19 поени.

Во завршницата на Купот се пласираше и Хјустон, откако славеше против Голден Стејт со 91-90. Шенгун доминираше на натпреварот со 26 поени, 11 скока и пет асистенции. Ќе има многу полемики по мечот, Вориорс беа на дофат на победа, потоа Кари промаши тројка. Следеше вистински хаос, додека домаќинот се обиде да повика тајм-аут, судиите покажаа прекршок на Каминг на Џејлен Грин во борбата за топката. Грин ладнокрвно реализираше од линијата за слободни фрлања, последниот обид на Голден Стејт беше блокиран, па Рокетс викендов во полуфиналето одат на Тандер.

ПретходноГвардиола по поразот од Јувентус: Горд сум на играчите! Ми се допаѓа како играме!
СледноУЕФА ја казни Црвена Звезда со 89.000 евра!