Бекот на Сити и репрезентацијата на Англија на социјалните мрежи го претставија како исламски терорист! (ФОТО)

384

Кајли Вокер, како и сите во неговиот Манчестер Сити игра далеку под својата форма. Пред некое време Вокер важеше за еден од најдобрите десни бекови во Премиер-лигата, па и во Европа. Но сега тоа е минато. Неговиот Сити игра очајно, а тоа фановите на Сити никако не можат да им го простат, посебно на Вокер кој се најде на удар од нивна страна.

Јасно е дека треба критика, ама не и навреда.

Па така по поразот од Јуве вчера во меч од ЛШ, на социјалните мрежи искочи фотографија од Вокер како е облечен како исламски терорист.

По ова тој јавно се пожали дека тоа е неприфатливо и посочи дека тој е жртва на напади и расистички навреди на социјалните мрежи.

Image

Претходно“Машината“ на Обрадовиќ не запира: Партизан ја доби лудата драма во Берлин за “пет од пет“!
СледноКаталонците воодушевени: Еве зошто Борусија Дортмунд е голем клуб! (ВИДЕО)