И Жалгирис го победи Реал: Продолжува агонијата на “кралевите“!

72

Вечерва во Мадрид, во меч од 15.коло во Евролигата, Жалгирис со 83:92, успеа да го победи Реал Мадрид. Исход кој не е неочекуван ако се знае во каква катастрофална форма играат “кралевите“ оваа сезона во Евролигата. Ова за нив е деветти пораз во тие 15 одиграни мечеви и сега се наоѓаат дури на 13 место на табелата.

Литванците на овој меч си го покажаа сиот свој квалитет, а најефикасен беше Вокер со 21 поени. Муса со 15 поени беше најдобар поентер кај “кралевите“.

Виртус Болоња успеа да дојде до победа против Басконија и тоа благодарение на Клајбурн. Имено во самиот гостинскиот кошаркар на -3 поени, постигна тројка а потоа и го реализираше слободното фрлање за победа од 81:82. Интересно, тренерот на гостите Душко Ивановиќ славеше кај својот довчерашен тим.

И во последниот вечерашен меч, Баерн со 98:93 го победи составот на Макаби.

ПретходноЛЕ и ЛК: Порто го победи Митјиланд во последниот меч на Ставрев како судија!
СледноМакедонија денеска во Цирих ќе ги добие противниците во квалификациите за СП 2026!