Од ден на ден поддршката што ја има Масар Омерагиќ во пресрет на Собранието на ФФМ, закажано за 22 декември, од ден на ден и тоа како се зголемува. Единствениот кандидат за нов претседател на ФФМ секако дека ќе биде избран со акламација, така наликува ако се знае дека Омерагиќ ја добива поддршката од голем број познати фудбалски личности, сегашни и поранешни фудбалери, легенди на мак – фудбалот, како и од голем број ОФС во Македонија.
Од вечерва таа поддршка е зголемена и од УО на Трета лига Север, во кој има шест сојузи. Луѓето од овој ОУ јавно се пофалија дека Омерагиќ ја има нивната целосна поддршка.