Денеска на распоред се натпреварите од петтото коло во Конференциската лига, а еден особено привлекува внимание поради временските услови во кои ќе се игра.
Од 16:30 часот по средноевропско време ќе се сретнат Астана и Челзи во Казахстан, но прашање е како сето тоа ќе изгледа. Според временската прогноза на веб-страницата accuweather.com, температурата за време на натпреварот ќе биде -10° Целзиусови, додека реалната температура ќе се движи помеѓу минус 20 и 21.
Фудбалерите на домашната екипа се најмногу навикнати на овие услови, но ќе биде интересно да се види како ќе се снајдат играчите на Челзи во сето ова.
Точно, Челзи игра и во Велика Британија каде што условите се далеку од идеални, но играњето на толку степени под нулата е голема новина и за нив.
Ќе видиме дали тоа ќе биде шанса на Астана да му се закани на лидерот на табелата и на тимот кој објективно е прв фаворит за освојување на трофејот во ова натпреварување.