Макс Верстапен, четирикратниот светски првак во Формула 1 деновиве јавно си призна за кого навива, барем кога е фудбалот во прашање.
Инаку Холанѓанецот не крие дека е воодушевен од Премиер – лигата и дека е голема навивач на Ливерпул и Мачестер Јунајтед, малку чуден избор, ако се знае дека овие два клуба се најголеми ривали во Англија, но тоа е тоа:
“Манчестер Јунајтед под водство на Алекс Фергусон беше пресудно за мене. Посебно кога играа моите сонародници Руд Ван Нистелрој и Робин Ван Перси. Кога ќе станете фан на овој клуб тогаш уште повеќе ќе навлезете во историјата на самиот Јунајтед. Таа приказна за мене е инспиративна. Исто така сум голем навивач на Ливерпул. Ме радуваат успесите на Вирџил Ван Дајк и Коди Гакпо. Јас не сум од оние фанови кои ако навиваш за некого автоматски го мразиш најголемиот ривал, тоа никако. Голем фан сум и на Барселона, сакам и го респектирам квалитетниот фудбал“ посочи Верстапен.