Алба – Партизан 90:91 е епилогот од мечот во Берлин во рамките на 15.коло во Евролигата. „Машината“ на Жељко Обрадовиќ не запира, ова е петтата победа во низа за Партизан, но и најтешка се чини ако се знае дека во Берлин во последните две минути тоа беше невидена, луда драма. Гостите испуштија предност од +11, и Алба ја имаше победата в џеб. Следуваше тројката на Маринковиќ, но се чини дека пресудни беа двата поени на Карлик Џонс.
И потоа се случи на 1.7 секунда до крајот МекКормак од Алба да има две слободни фрлаља за +2 за Партизан. Првото не го погодим, а второто намерно не сакаше да го погоди, ама на чудесен начин го реализираше. Потоа следуваше уште драма, сепак на крајот Партизан знаеше што треба и на крајот заслужено победи со 90:91.
Ова е вкупно седма победа за Партизан во 15 мечеви.
Карлик Џонс беше лидерот кај Партизан со 24 поени.
Во првиот меч вечерва Монако како гостин просто го демолира Фенербахче на негов терен со 69:99.