Министерството за Спорт денеска ги објави номинациите за најуспешните спортисти и федерации за годината која изминува.
Тони Лазаов (шах), Бобан Илиоски (кик-бокс), Дарио Ивановски (атлетика), Ангел Петрушев (кајак) и Столе Димитриевски (фудбал) се номинирани за спортист на годината во машка конкуренција, кај дамите тоа се: Милјана Рељиќ (таеквондо), Михаела Мишовска (карате), Сара Ристовска (ракомет), Леа Бошевска (кик-бокс) и Наташа Андоновска (фудбал).
За најуспешен машки национален тим е сениорската ракометна репрезентација, фудбалската репрезентација, одбојкарската репрезентација, како и кошаркарската репрезентација до 18 години и карате националниот тим.
За најуспешен тренер номиниран се: Кирил Лазаров (ракомет), Дејан Митровски (кикбокс), Александар Кумзановски (карате), Бранимир Јованоски (стрелаштво за лица со телесен инвадилитет) и Благоја Милевски (фудбал).
Во категоријата најуспешна федерација на списокот на Министерството за спорт се најдоа: Ракометната федерација на Македонија, Македонската таеквондо федерација, Кикбокс маитаи, Карате федерацијата и фудбалската федерација.