УЕФА ја казни Црвена Звезда со 89.000 евра!

1597
Фото: Црвена Звезда/Твитер

Црвена Звезда е казнета со вкупно 89.000 евра за инцидентот во победата над Штутгарт во Лигата на шампионите (5:1).

Црвено-белите ќе треба да платат 30.000 евра бидејќи навивачите тргнале со пиротехника, а изречена е и казна делумно затворање на трибините.

Казната за затворање на трибините се однесува на следниот домашен натпревар на Звезда, но е условена за период од две години.

Од споменатите 89 илјади евра, 22.000 се за блокирање на преминот на стадионот, 12.000 за употреба на ласери, а 25.000 за извици несоодветни за спортски настан.

Казната е изречена непосредно пред дуелот помеѓу Звезда и Милан во Лигата на шампионите, кој црвено-белите го загубија.

ПретходноАтланта го шокираше Њујорк, Вориорс лути на судиите (ВИДЕО)
СледноПласманот во плеј-офот е загрозен: Сити и Пеп би можеле да испаднат!