Панчев за голот на Милан: Лицемерие на западот, брука и срамота!

208

Милан – Ц. Звезда 2:1 е епилогот од мечот синоќа на “Сан Сиро“ во Милано, во рамките на 6.коло во Лигата на Шампионите. Победничкиот гол на домашните кој го постигна Абрахам во 88.минута во најмала рака беше контроверзен, зошто претходно имаѓе фаул. Сепак судијата и ВАР собата го признаа голот, а тоа наиде на гнев во фудбалска Србија како и кај фановите на Ц. Звезда на овие простори.

И Дарко Панчев, фудбалерот на векот на Македонија и легенда на Ц. Звезда, човекот кој е најзаслужен за титулата европски првак од 1991 година, за српските медиуми не го криеше својот гнев:

Лицемерие на западот. Тоа беше брука и срамота. Тоа да се случеше во казнетиот простор немаше да се гледа ни ВАР, веднаш ќе се судеше слободен удар. Толку од чесноста. Лицемерието на западот кон клубовите од истокот добива нова димензија. Играв фудбал, многу добро зна што е фаул. Тоа беше брука и срамота“ изјави покрај другото Панчев кон не заборави да ја пофали играта на Ц. Звезда и да напомене дека е штета што неговиот поранешен клуб не освоил барем бод на “Сан Сиро“.

ПретходноМиовски пред утрешната ждрепка: Данска, Романија, Луксембург и Сан Марино, ова е најдобрата група за Македонија на патот кон СП 2026!
СледноОФМ распиша конкурс за селектори на сениорските национални тимови