Милевски: Добивме група која ни носи надеж!

462

Македонија во квалификациите за СП кое ќе се одржи во јуни – јули 2026 година во САД, Канада и Мексико се падна во група и за ривали доби селекции со кои можеме да играме, да се носиме и да се надеваме на добар пласман.

Македонија е во групата – Ј заедно со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Селекторот Благоја Милевски беше на ждрепката во Цирих денеска, а еве како ја коментира групата – Ј.
Извлекувањето во Цирих ни носи надеж.Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман. 

Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.

Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин. 

Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата. 

За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување”. 

ПретходноСП 2026 квалификации: Македонија доби група по мерка, можеме да се надеваме на добар пласман, па и на второ место во групата!
СледноСП 2026 квалификации: Познати се сите групи, Србија заедно со Англија и Албанија!