Фантастичната победничка низа на Армани Милано во Евролигата продолжи и вечерва на гостувањето кај Барселона. Момците на Еторе Месина слева против каталонскиот гигант со 94:81, а нашиот Ненад Димитријевиќ учествуваше со 5 поени во новата победа на италијанскиот состав.
Нено одигра нешто помалку од 12 минути за Милано, постигна една тројка и еден поен од поле. Милано во своите редови вечерва го имаше неверојатниот Ледеј кој средбата ја заврши со 33 поени за деветта победа на Армани.
Црвена звезда ја оствари осмата победа откако вечерва на домашен терен славеше над грчки Олимпијакос со 87:73. Недовиќ со 18 и Калиниќ со 16 поени беа носители на победата на белградските „црвено-бели“.
Анадолу Ефес, пак, успеа да го прегаси Панатинаикос со 93:67. За Турците ова беше осма победа, за ПАО семи пораз.