Кој блок го препорачуваат Хрватите за Македонците во Вараждин?

170

Македонската машка ракометна репрезентација и овој јануари ќе биде во центарот на вниманието. Нашиот најуспешен национален тим ја продолжува традицијата, редовни учества на големите натпреварувања. Селекторот Кирил Лазаров и неговите момци ќе настапт на Светското првенство кое ќе се одржи во три земји: Хрватска, Данска и Норвешка.

Главна база за Македонците ќе биде добро познатото место – Вараждин. Билетите веќе одамна се во продажба, а Хрватите на својата официјална страница за купување на карти за СП 2025 имаат препорака за фановите на секоја земја (најефтината карта изнесува 50 евра). Ако ја отворите страницата ќе прочитате дека блокот К е за Македонците. Овој блок има трибина лево, средна и десно, и дел од истиот веќе е распродаден, но не и целата Арена која има капацитет од 5.000 места.

И за овој Мундијал најавите се дека дел од трибините ќе бидат обоени во „црвено-жолтата“ боја. Македонија шампионатот го отвара на 15 јануари против Унгарија (20:30 часот), два ден подоцна игра против Холандија (18 часот), додека групната фаза ја затвара на 19 јануари против Гвинеја.

Првите три репрезентации од секоја група одат во главната рунда, доколку Македонија се најде во ова друштво мечевите ќе ги игра исто во Вараждин.

ПретходноТиери Анри за тоа кој е негов омилен клуб: Арсенал е на прво место, на второ и на трето…
СледноАморим: Гледам подобрување во некои детали