Лидерот со нова победа ја затвори 2024 година

38

Ракометарите на Алкалоид остварија уште една победа во домашното првенство. Вечерва во мечот од 15. коло на гостувањето кај прилеп, тимот на селекторот Лазаров славеше со 30:40.

Уште до полувремето, гостите имаа прилично висока предност која им гарантираше мирен тек и во второто полувреме. По првите 30 минути Алкалоид водеше со 13:18, а во завршницата на мечот имаше и уште поубедлива предност. Во последните 5-6 минути Прилеп врза мала серија и успеа да ја намали разликата, но во завршницата со два гола во низа, Алкалоид повторно дојде дна +10 за конечна победа.

Петковски постигна 6 гола и беше прв стрелец кај Алкалоид.

ПретходноСтоле вечерва стартер: Димитриевски за првпат на голот на Валенсија во меч од Ла Лига
СледноКвалификациите ги почнуваме на гости кај Лихтенштајн, во март ни доаѓа Велс