Женската ракометна репрезентација на Норвешка е прв финалист на Европското првенство. Во првото полуфинале вечерва, Норвежанките со убедливи 30:22 ја совладаа селекцијатана Унгарија.
Норвешка ја оправда улогата на фаворит и не дозволи Унгарките да направат изненадување. Скандинавките на полувреме имаа предност од два гола (13:11), а во вториот дел само дополнително ја потврдија класата.
Раистад со шест и Ховден и Тале Деила со по пет погодоци беа носители на победата во норвешкиот тим. Кај Унгарија Клујбер повторно беше најефикасна со пет гола.
Вечерва се игра второто полуфинале меѓу Данска и Франција.