Брони Џејмс, синот на Леброн Џејмс, кого ЛА Лејкерс го испратија во својот развоен тим Саут Беј Лејкерс со кој настапува во Г лигата, го одигра најдобриот натпревар во својата професионална кариера. И покрај неговите 30 поени, неговиот тим беше поразен од В. Санс со 100:106.
Да потсетиме, 20-годишниот син на Леброн Џејмс, најдобриот стрелец во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот (41.103 поени) и за многумина најдобар кошаркар на сите времиња, доби привилегиран статус во Саут Беј Лејкерс во средината на октомври. Американските и светските медиуми тогаш пишуваа за непотизам откако беше одлучено Брони да не игра за својот нов тим на гостински терен, туку само на оние во кои клубот ќе му гостува.
Тоа се промени синоќа и Брони го имаше своето деби во Г лигата на гости. Постигна 30 поени (13/23 шут), додаде и три скока и две асистенции. Неговиот максимум во кариерата досега изнесуваше 16 поени.
На годинешниот драфт, ЛА Лејкерс ја исполнија големата желба на својот лидер Леброн и го изведоа неговиот најстар син како 55-ти пик. Ова ја одбележа историјата на НБА бидејќи Леброн и Брони Џејмс станаа првиот татко и син кои заедно заиграле во најсилната кошаркарска лига во светот.