По долга пауза, Светскиот шампионат во Мото ГП се враќа во Бразил. Како што објавија организаторите на серијата, вчера бил потпишан петгодишен договор за организација на ГП на Бразил и тоа од 2026 до 2030 година.
Гран при трките ќе се возат на патеката Аиртон Сена, каде што серијата веќе беше актуелна од 1987 до 1989 година. Во 1992 година се одржа трка во Интерлагос, а потоа имаше трки и во Рио де Жанеиро од 1995 до 1997 година и од 1999 до 2004 година.