Футсал репрезентацијата поразена од Холандија на стартот на квалификациите

52

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби во првиот меч од квалификациите за ЕП 2026 од селекцијата на Холандија со 4:0. На гостувањето во Алмере вечерва, избраниците на селекторот Скендеровски имаа тешка задача против големиот фаворит, кој со по два гола во двете полувремиња на крајот стигна до посакуваната победа.

„Лалињата“ отворија со голот на Бухари во 6. минута, а само една минута подоцна Уаду веќе зголеми на 2:0. Со овој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел тргнавме рамноправно, но повторно ни се случи епизодата од првото полувреме. Во една минута примивме нови два гола, со кои Холандија ги постави конечните 4:0. Стрелци на овие голови беа Атари и Букари и двајцата во 28. минута.

Вечерва во нашата група играат и Андора и Португалија. Токму Андора е следен ривал на Македонија и тоа на меч во Скопје следната недела на 18 декември.

ПретходноКвалификациите ги почнуваме на гости кај Лихтенштајн, во март ни доаѓа Велс
СледноВембањама ќе игра за Франција на Евробаскетот 2025