Фудбалерот на Фиорентина, Едуардо Бове кој неодамна колабираше на теренот за време на натпревар од Серија А е и официјално пуштен од болница.
Бове колабираше на натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер кој се играше на први декември и беше прекинат. По колапсот Бове беше пренесен во болница каде беше подложен на интервенција. Бове ја дели истата судбина со Кристијан Ериксен кој исто така поради колапс на теренот не беше во можност да продолжи да игра фудбал во Италија, бидејќи направите за контролирање на срцевата работа не се дозволени во Серија А.
Сега 22-годишниот аргентинец ќе може да одлучи дали да го отстрани уредот и со тоа да продолжи да игра за Фиорентина или да бара нов клуб во другите европски лиги.