Пикси: Се радувам дека во Тирана ќе играме на преубав стадион, против Албанија само спортска приказна!

583

Се чини најинтересна група во квалификациите за СП 2026 ќе биде онаа во која се најдоа Англија, Србија, Албанија…

Таа е таа група – К. Секако дека најголем интерес ќе предизвикаат двата дуели меѓу Србија и Албанија, ако се знае што се случуваше во минатото.

Ако во Тирана се вели дека ждрепката и не морала да ги спои Србија и Албанија, тогаш во Белград а посебно селекторот Драган Стојковиќ Пикси се смета дека на тие два меча освен спортска, фудбалска приказна, не смее да има ништо друго.

Тешка група, но ако сакаме да одиме на СП, а сакаме, тогаш мораме да бидеме подобри од сите, да победуваме. Јас искрено се радувам дека во Тирана ќе играме на преубав стадион каде се играше и финале во Лигата на Конференции. Свесен сум дека двата меча меѓу Србија и Албанија ќе бидат интересни и во друг контекст, но верувајте дека нас не интересира само спортската приказна, ништо друго“ рече покрај другото селекторот на Србија.

ПретходноСелекторот на Велс: Мечевите со Македонија ќе бидат поинаков предизвик за нас!
Следно“Билд“ откри дека Мукоко имал 24, а не 20 години!