Потврда и од тренерот Бјелица: Аријан Адеми ја заврши 2024 година!

103

И дефинитивно, барем според зборовите на тренерот на Динамо Загреб Бјелица, Аријан Адеми поради повреда ќе биде во “аут“ најмалку до крајот на годината.

Адеми отпадна и нема да игра за Динамо Загреб до крајот на годината“ истакна стратегот на “модрите“ на денешниот прес.

Инаку некогашниот македонски репрезентативец се повреди на мечот со Славен Белупо минатиот викенд и затоа не беше на списокот на играчи кои настапија или беа во комбинација на дуелот со Селтик во Лигата на Шампионите.
По деталните лекарски прегледи се востанови дека Адеми ќе биде во “аут“ три недели.

ПретходноНикола Серафимов: Да не се залетуваме со изјави, сепак имаме шанса да дојдеме до нешто големо!
СледноСелекторот на Велс: Мечевите со Македонија ќе бидат поинаков предизвик за нас!