Пред ракометната саботна „треска“ во Битола, Алкалоид по бодови во Прилеп за зацврстување на врвот!

91

Претпоследното коло пред паузата во Супер-лигата носи интересни пресметки, во фокусот е вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар 1961 кое е закажано за утре во 18 часот со директен пренос на МРТ. Битолчани за оваа важна битка ќе има полна сала, билетите се распродадоа за рекордно време.

15-то коло во Супер-лигата ќе го отворат Прилеп и Алкалоид. Избраниците на Кирил Лазаров со бодовите од ова гостување ќе направат нов чекор кон зацврстување на лидерската позиција која во моментов ја делат со Вардар 1961. И двата тима имаат 26 бода, триумф на Алкалоид и пораз или реми на Вардар 1961, за тимот од Автокоманда ќе значи ново османување на врвот.

Дерби ќе има и во Кавадарци, таму утре гостува ГРК Охрид. За ГРК Тиквеш победа ќе значи зацвртување на петтото место пред Бутел Скопје, кој пак на оваа позиција може да се врати со победа над Радовиш и пораз на кавадарчани.

Како ќе изгледа табелата ќе биде познато веќе утре.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – КОЛО 15
13.12.2024 – ПЕТОК
19:30 часот РК ПРИЛЕП – РК АЛКАЛОИД
14.12.2024 – САБОТА
13:30 часот РК СТРУГА – МРК КУМАНОВО
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК ВАРДАР 1961 – пренос во живо на МРТ
18:00 часот РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – РК ПРОЛЕТ 62
18:00 часот ГРК ТИКВЕШ – ГРК ОХРИД
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК РАДОВИШ
ПретходноПо бројните критики: Брони конечно потсети на својот татко Леброн Џејмс (ВИДЕО)
СледноСП 2026 квалификации: Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан…