Ајкут Туран е нов генерален директор на Шкупи

316

Ајкут Туран официјално е нов генерален директор на Шкупи. Како што објавија од редовите на чаирскиот состав, Туран е десната рака на новиот претседател Јасин Коњали, а истиот доби целосна доверба во градењето на составот за пролетниот дел од сезоната 2024/25.

Негов прв соработник останува спортскиот директор Ндерим Неџипи, име познато во македонските фудбалски кругови. За Туран, кој по потекло е од Косово, Шкупи ќе биде прв клуб во кој ќе работи надвор од Турција, каде што претходно соработуваше со клубови како Менеменспор, Алтинорду, Бурсаспор и Аданадемирспор, каде што работеше со млади фудбалери, помагајќи им во градењето на нивната фудбалска кариера.

ПретходноВо НБА-лигата се одигра натпревар со најмногу тројки во историјата!
СледноТрент: Сите досегашни договори ги потпишав тајно, така ќе биде и сега