Мајнц му го нанесе првиот пораз на Баерн (М), прекин во Берлин (ВИДЕО)

106

По 13 меча без пораз, Баерн (М) го загуби првиот натпревар од тековната сезона во германската Бундеслига. Попладнево на гостувањето кај Мајнц, момците на Винсент Компани беа поразени од домашниот тим со 2:1 во меч во кој тотално ја разочараа својата публика.

Мајн оцигра одличен меч и во првото полувреме со првиот гол на Ли во 41. минута успеа да обезбеди водство од 1:0. На стартот на вториот дел домашните почнаа во ист стил и повторно Ли се најде во ситуација да го постигне вториот гол. Тоа му успеа во 60. минута.

Во завршницата Баерн комплетно ја презема иницијативата, но постигна само почесен гол преку Сане за конечни 2:1.

Вредна победа на гости обезбеди Баер (Л), кој со 2:0 замина како победник од гостувањето кај Аугсбург. Головите за „фармацевтите“ ги постигнаа Териер и Вирц уште во првото полувреме.

Борусија (М) со 4:1 го совлада Холштајн Кил, додека мечот меѓу Унион Берлин и Бохум беше прекинат при резултат 1:1 во судиското продолжение, откако на теренот летаа предмети од трибините.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноМбапе вторпат по ред е најдобар фудбалер во Франција
СледноЛиверпул со десет на терен одигра 2:2 со Фулам, изненадувачко реми на „Емирати“ (ВИДЕО)