Мбапе вторпат по ред е најдобар фудбалер во Франција

56

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, вторпат по ред е прогласен за најдобар фудбалер од Франција во изборот на „Франс Фудбал“. 25-годишниот фудбалер оваа награда ја доби и минатата сезона.

Второто место во гласањето го зазеде централниот дефанзивец на Арсенал, Вилијам Салиба, а тројката најдобри ја заокружи голманот на Милан, Мајк Мањан. Во гласањето учествуваа главниот уредник на „Франс Фудбал“, како и победниците од претходните години.

ПретходноЗаниоло и Карнески ја оставија Аталанта на врвот во Серија А (ВИДЕО)
СледноМајнц му го нанесе првиот пораз на Баерн (М), прекин во Берлин (ВИДЕО)