По очајните резултати на Валенсија: Најава за промени во тимот на Столе Димитриевски!

1245

Раководството на Валенсија ја разгледува опцијата да го ослободи 49-годишниот тренер Рубен Бараха, пренесува шпанскиот весник Марка.

Оваа вест доаѓа откако тимот за кого настапува македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски загуби тесно со 0-1 од Ваљадолид во натпревар од 17. коло на шпанската Ла Лига и падна на последното место во поредокот со само 10 бода по 15 одиграни натпревари.

Според изворот, раководството на клубот се колеба меѓу опциите за итно отпуштање на специјалистот и продолжување на позајмицата за уште два натпревари во Ла Лига, во кои Валенсија ќе се сретне со други два директни ривали во битката за опстанок – 18-от Еспањол и 16-ти Алавес.

Се дознава дека конечната одлука зависи од сопственикот на клубот, Питер Лим, кој доколку дојде до одлука да го ослободи својот тренер ќе мора да се раздели со 5 милиони евра, кои влегуваат во клаузулата за обештетување на Бараха, кој е задолжен за Валенсија од февруари 2023 година.

Инаку, самиот Бараха демонстрираше самодоверба и покрај понижувачката ситуација и сподели дека ова е само привремена ситуација од која неговиот тим може да излезе.

„Се извинуваме за резултатот и маките во текот на сезоната. Но, нема да се предадеме и ќе продолжиме да се бориме“, беа зборовите на специјалистот за време на прес-конференцијата по крајот на натпреварот.

Инаку по двата досегашни настапи за Валенсија во Купот на Шпанија, нашиот репрезентативен голмен доби стартно место во составот на „лилјаците“ на гостувањето кај Ваљадолид.

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноЛука Дончиќ е најбрзиот НБА играч кој стигнал до 12 илјади поени после Мајкл Џордан!
СледноДали Серхио Рамос конечно најде клуб?