Ракометен празник за крај на годината: Пелистер по „одмазда“, Вардар без победа во Битола речиси 30 месеци!

434

Денеска сите очи се вперени во Битола, а таму на програмата е вечното ракометно дерби помеѓу Пелистер и Вардар 1961, во меч од 15-то коло во Супер-лигата.

Двата тима веќе долго време нудат интересна пресметка. И овој пат нема да биде поразлично. Салата „Боро Чурлевски“ се распродаде за рекордно време, на трибините покрај домашните фанови ќе бидат и „Комити“ кои од вчера се мобилизираат на социјалните мрежи.

Првата пресметка оваа сезона му припадна на Вардар 1961, на домашен терен славеше со 27-24. Ова беше втор поголем удар за актуелниот првак откако претходно ја загуби битката со Алкалоид за Супер-Купот, а лошите изданија и во Лигата на шампионите му пресудија на Бранко Ангеловски.

Од оваа пресметка се случија и промени и во таборот на Вардар 1961. Па сега и двата тима со нови тренери ќе бараат победа која и тоа како е значајна за продолжение на сезоната. Пелистер го има Шпанецот, Раул Алонсо, кој донесе позитивни промени, тоа го видовме во Лигата на шампиони, додека пак на клупата на најтрофејниот ракометен тим е  Аргентинецот Гиљермо Милано. Ќе биде убаво искуство и за двата тренер, на дело ќе видат што значи битката меѓу двата големи ривали и зошто истата секогаш мора да се добие.

Вардар 1961 последен пат на гости кај Пелистер славеше во мај 2022 година со 23-26. Оттогаш сите три меча им припаднале на битолчани. Победа за „црвено-црните“ и два бода на оваа средба ќе значи продолжување на битката со лидерот Алкалоид за врвот на табелата.

Пелистер е свесен дека пред стартот овој дуел заостанува четири бода зад Алкалоид и два зад Вардар 1961, па со победа ќе се изедначи бодовно со најголемиот конкурент за титулата и лут ривал, и воедно ќе најави интересна завршница на Супер-лигата.

14.12.2024 – САБОТА
13:30 часот РК СТРУГА – МРК КУМАНОВО
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК ВАРДАР 1961 – пренос во живо на МРТ
18:00 часот РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – РК ПРОЛЕТ 62
18:00 часот ГРК ТИКВЕШ – ГРК ОХРИД
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК РАДОВИШ
ПретходноНевиден малер: Ембид остана да лежи со рацете на лицето, овој пат имаше добра причина (ВИДЕО)
СледноТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Горан Станиќ (Работнички)