Од денеска Индира Кастратовиќ и официјално е дел од „куќата на славните“ при Европската ракометна федерација. ЕХФ на свечена церемонија ја претстави новата генерација која брои 21 член, а седум доаѓаа од понежниот пол, додека 14 се од посилниот пол. Тие им се придружија на повеќе од 50 други важни имиња кои претходно беа додадени на списокот.
Катастровиќ беше дел од шампионскиот состав на Кометал ЃП, го носеше дресот на Македонија. ЕХФ ги одбра имињата кои оставија неверојатен белег во спортот на ракометот, без разлика дали преку нивните извонредни достигнувања или нивното влијание врз нашиот спорт на и надвор од теренот.