По голема битка, Ливерпул одигра 2:2 против екипата на Фулам во еден од најинтересните денешни дуели од 16. коло во Премиер лигата. Иако беа големи фаворити, лидерите во Премиер лигата денеска скоро цел меч играа со играч помалку, па овие 2:2 на крајот можат да бидат и сосема задоволувачки, ако се знае дека гостите двапати водеа.
Фулам поведе со голот на Переира во 11. минута, по што следуваше црвениот картон за Робертсон во 17. минута, што дополнително ја искомпликува работата за момците на Арне Слот. Ливерпул успеа да го надмине исклучувањето и со голот на Гакпо во 47. минута да дојде до израмнување на 1:1. Иако имаше комплетна доминација во играта, сепак, домашниот тим дозволи во 76. минута Муниз да го совлада Алисон и да ги донесе гостите до ново водство од 1:2.
Десеткуваниот Ливерпул успеа и вторпат да израмни, овој пат со голот на повратникот Диого Жота во 86. минута. До крајот Ливерпул имаше уште неколку одлични шанси, но не успеа да направи целосен пресврт.
Изненадувачко реми и за Арсенал, кој на домашен терен одигра само 0:0 против Евертон и понатаму каска зад лидерот. Вредна победа оствари Њукасл од 4:0 против Лестер, додека Ипсвич го изненадув Вулверхемптон победувајќи го на гости со 1:2.