Екипата на Мајорка и со десетмина играчи на терен успеа да стигне до уште еден триумф сезонава во домашната шпанска Примера. Совлада е тимот на Џирона, за кого како што е познато не игра нашиот Бојан Миовски поради повреда.
Конечниот резултат на мечот гласи 2:1, а се почна добро за гостите. Поведоа со голот на Дони Ван Де Бек уште во седмата минута. Кајл Ларин во дваесеттата минута израмни за домаќините, но потоа Ведат Муричи, заработи директен црвен картон па домаќинот остана со играч помалку во 32. минута.
Ларин во 51. минута со својот втор гол направи комплетен пресврт, а гостинот и со играч повеќе не успеа да се врати резултатски во игра.
Мајорка сезонава игра одлично и со овој триумф стигна до 27. бод и петтото место. Џирона која што е сконцентрирана и на Лигата на Шампионите, во моментов има 22 бода и е на деветтото место.