Екипата на Наполи успеа да обезбеди нови три бода сезонава, откако предмалку на гостински терен славеше кај екипата на Удинезе со конечни 1:3.
Стартот на мечот беше одбележан со досудениот пенал за домашните што најпрво Тавон го промаши, но од „втора“ што се вели ја погоди гостинската мрежа.
На полувреме домашните водеа, а Лукаку во 50. минута успеа да изедначи. Џианети си постигна автогол за домашните некаде на петнаесетина минути до крајот, за да Ангуиса во 81. минута од мечот, ги постави конечните 1:3.
Со овој триумф Наполи стигна до 35. бода и второ место, додека пак Удинезе е деветти со 20 бода.