Реал едвај до бод на гостувањето кај Рајо (ВИДЕО)

53

Не му оди на тимот на Реал сезонава. И тоа веќе е дефинитивно. Како во домашниот шампионат, така и во ЛШ. Многу загубени бодови, лоша игра, и пред се многу примени голови.

Послендиот кикс на „Кралевите“ се случи предмалку на гостувањето кај Рајо Ваљекано, каде што домаќинот имаше можност и да победи но сепак, треба да е задоволен со конечните 3:3.

Истото важи и за гостите кои имаа негатива од 2:0, по само 36. минути игра. Лопез во четвртата минута го носи Рајо во водство, а Мимун во 36. прави веќе 2:0, за домаќинот. Дури тогаш Реал се свестува и почнува да игра што резултира со два гола до полувреме, преку Валверде односно Белингем за 2:2 по 45. минути игра.

Родриго за момент само ги става нештата во ред, во 56. минута кога му го носи водството на Реал од 2:3, но во 64. минута Палазон погодува за повторна ерупција на трибините.

Сепак, Рајо немаше сила за нов гол, и сензација, но и вака не е лошо за малиот клуб со големо срце. Од друга страна ова за Реал е рамно на пораз, затоа што „Кралевите“ на уште еден меч не само што се мачеа играчки и резултатски туку покажаа и колку се ранливи во одредени ситуации. Дека одрбаната повторно е во очајна состојба и дека нападот како таков не може контстантно да ги надвладее грешките во позадина и да постигне секогаш гол повеќе отколку што е примен.

 

ПретходноЈуве се „извади“ од пораз и бламажа против Венеција (ВИДЕО)